Апидија (, Апидиес) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во Серско Поле, на десната страна на Струма, непосредно северно од селото Мерјан, на надморска височина од 10 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Апидија било мешано грчко-ромско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Апидија (Apidia) имало 21 домаќинство со 14 жители муслимани и 38 жители Роми и Черкези.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Апидија:Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Апидија имало 400 жители, од кои 350 Грци и 50 Роми. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Апида Черкез (Apida Tcherkez) имало 75 Грци и 180 Роми.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи настрадало за време на војните, Апидија не се спомнува во пописот од 1913 г., а во 1920 г. броело само 40 жители. Подоцна селото се распаднало и не било обновено.
Наводи
Категорија:Историски села во Визалтија