Афро-кубанскиот џез е најраната форма на латино џез. Во него се мешаат афро-кубански ритми засновани со џез хармонии и техники на импровизација. Афрокубанската музика има длабоки корени во африканските ритуали и ритми. Жанрот се појавил во раните 1940-ти со кубанските музичари Марио Бауза и Френк Грило „Мачито“ во бендот Мачито и неговите афрокубанци во Њујорк. Во 1947 година, соработката на бибоп трубачот Дизи Гилеспи и перкусионистот Чано Позо ги донесоа афро-кубанските ритми и инструменти, како што се конга и бонго, на џез-сцената на источниот брег.
Во текот на првите децении, афрокубанското џез движење било посилно во САД отколку во Куба. Во раните 1970-ти, Кени Дорхем и неговиот оркестар, го донесле афрокубанскиот џез на кубанската музичка сцена, при што влијаеле на стилови како што е сонго.
Наводи
Категорија:Кубански стилови на музика