Skunk Anansie ― британскa рок-група основана во 1994 година во Лондон. Групата е составена од пејачката Скин (Дебора Ен Даер), басистот Кас (Ричард Кит Луис), гитаристот Ејс (Мартин Ајвор Кент) и тапанарот Марк Ричардсон.
Името „Skunk Anansie“ е преземено од аканските народни приказни за Ананси, човекот-пајак од Гана кон кое е додаден зборот „Skunk“ (македонски: твор) за „да името да изгледа понепријатно“.
Поради нивниот претежно потежок звук, често се вбројуваат како дел од Бритрок-движењето, за разлика од Бритпоп-стилот кој го негувале во почетните години. Групата, во 2004 година, од Гинисовата книга на британските хитови и албуми била прогласена за еден од најуспешните изведувачи според времето поминато на Британските топ-листи во периодот од 1952 до 2003 година; со вкупно 142 недели котирање на топ листите (синглови и албуми заедно) групата била рангирана на 491 место. Skunk Anansie продале 5 милиони музички записи.
Историја на групата Групата својот прв настап го имала во март 1994 година во лондонскиот клуб Сплеш."Biography: Skunk Anansie". AllMusic. Retrieved 22 November 2005. Во 1995 година од читателите на списанието Kerrang! биле избрани за најдобра нова британска група. На доделувањето на наградата, членовите од групата се запознале со тапанарот Марк Ричардсон кој се приклучил на групата како замена за Роби Франс. Во 1996 година, списанието Kerrang! ги изгласало за најдобар британски изведувач во живо, а во 1997 година биле номинирани за најдобра група и за најдобар изведувач во живо на Eвропските музички награди од MTV.
Нивниот прв албум, Paranoid & Sunburnt бил издаден во 1995 година. Следел албумот Stoosh (1996). Двата албума биле издадени од One Little Indian Records. Во 1998 година се префрлиле во издавачката куќа Virgin која го издала нивниот трет албум, Post Orgasmic Chill (1999).
Во текот на 1990-тите, групата била на светски турнеи со групи и пејачи како: U2, Aerosmith, Feeder, Лени Кравиц, Bad Religion, Rollins Band, Therapy?, Rammstein, Killing Joke, Soulfly, Sevendust, Oomph! , Muse, Staind, Powerman 5000, Veruca Salt, Marion и A Perfect Circle.
За седум години продале 5 милиони албуми и се прославиле со сингловите: Charlie big potato , Weak , Hedonism , Selling Jesus , Secretly , Brazen , I Can Dream и Lately. По распаѓањето на групата во 2001 година, членовите на групата продолжиле со својата музичка кариера. Ејс ја продолжил кариерата со албумот Still hungry; Марк Ричардсон станал тапанар во групата Feeder, а Скин започнала соло-кариера. мини|267x267пкс| Ејс Групата најавила враќање на сцената во 2009 година. Веднаш потоа, во октомври, тие ја започнале европската турнеја наречена Greatest Hits. Албумот со најголеми хитови, Smashes and Trashes бил објавен во ноември 2009 година. Ова бил нивен прв студиски албум по Post Orgasmic Chill од 1999 година. Ги содржел необјавените песни: Tear The Place Up, Why Of You и Squander. Новата песна My Ugly Boy била најава и за четвртиот студиски албум Wonderlustre, кој бил објавен во октомври 2010 година.
Албумот Black Traffic станал прво независно издание на групата преку сопствена издавачка куќа која била во партнерство со 100% Records. Албумот бил објавен во септември 2012 година и бил поддржан со обемна европска турнеја од 20 концерти. десно|мини| Скин (2011) Во септември 2013 година, групата го издала седмиот албум, An acoustic Skunk Anansie – Live in London, кој бил снимен во живо во Кадоган Хол во април истата година.
На 15 јануари 2016 година, Skunk Anansie го објавиле шестиот студиски албум Anarchytecture и во февруари 2016 година започнале обемна европска турнеја која ја продолжиле во текот на летото 2016 година.
На 25 јануари 2019 година групата го објавила специјалниот албум во живо, 25LIVE@25, во пресрет 25-годишнината од основањето. Албумот содржел 25 песни преземени од нивните шест студиски албуми снимени во живо на различни концерти на нивната турнеја од 2017 година.
Скин, пејачката од Skunk Anansie, на 7 февруари 2023 година во замокот Виндзор од кралот Чарлс добила орден од Редот на Британската Империја.
Членови на групата
Дебора „Скин“ Дајер – пејачка, гитара, теремин, пијано, клавијатури, тамбура (1994–2001; 2009–сега) Мартин „Ејс“ Кент – гитара, придружен вокал (1994–2001; 2009–сега) Ричард „Кас“ Луис – бас, гитара, клавијатури, придружни вокали (1994–2001; 2009–сега) Марк Ричардсон – тапани, удиралки, придружни вокали (1995–2001; 2009–сега)
Поранешни членови
Роби Франс – тапани, удиралки (1994–1995; почина во 2012 година)
Дискографија Студиски албуми
Paranoid & Sunburnt (1995) Stoosh (1996) Post Orgasmic Chill (1999) Wonderlustre (2010) Black Traffic (2012) Anarchytecture (2016)
Наводи
Надворешни врски
Официјална веб-страница Skinmusic.net – Официјална страница на пејачката од групата која содржи материјал од Skunk Anansie
Категорија:Музички групи со женски вокал Категорија:Англиски алтернативни рок-групи Категорија:Музички групи од Лондон Категорија:Музички групи основани во 1994 Категорија:Музички групи распаднати во 2001 Категорија:Музички групи возобновени во 2009 Категорија:Англиски хеви-метал групи Категорија:Англиски хард-рок групи Категорија:Музички групи основани во 1994 година