„Два крста“ — познатото шпанско болеро компонирано од Кармело Лареа во 1952 година. Лареа поради оваа песна ја добил неговата втора златна плоча во 1954 година. Оригинално со наслов „Осаменост“, првпат била снимена од Хорхе Галарсо. Оттогаш песната ја извеле преку 80 уметници, вклучувајќи ги Нињо де Мурсија (1957), Анџелило (1958), Катерина Валенте (1958), Хосе Фелисијано (1965), Лос Релампагос (1965), Умберто Маркато (1958), Милтон Насименто (1972), Неј Матогросо (1975) и Нана Мускури (1990) и Роберто Алања (2011). Текстот започнува „Севиља мораше да биде, со својата мала сребрена месечина...“ и раскажува за месечевиот хоризонт на Севиља која сведочи за љубовта на еден пар.
Наводи
Категорија:Песни на шпански јазик Категорија:Болеро Категорија:Шпански песни