мини|Eфи Ацхиоглу Ефтихија „Ефи“ Ахциоглу (родена во Пазар, 4 јануари 1985 година), е грчка политичарка која била министерка за труд и социјална политика од 2016 до 2019 година. Таа е пратеник во грчкиот парламент од јули 2019 година и водечка политичка фигура на партијата Нова левица од декември 2023 година. Била член на СИРИЗА и пратеник на партијата до нејзиното заминување од партијата во ноември 2023 година.
Ран живот и образование Родена е во 1985 година, во Пазар. Завршила додипломски студии на Правниот факултет на АУТХ и во 2009 година се стекнала со постдипломски студии по Граѓанско право и политички науки од истото факултет.
Работела во Центарот за меѓународно и европско економско право (CIEEL) како истражувач бидејќи добила стипендија, додека во 2014 година ги завршила студиите по трудово право под надзор на професорот Арис Казакос.
Занимање Ахциоглу е адвокат од Солун.
Дополнително, таа била пратеник во Европскиот парламент, и во исто време работела на Катедрата за граѓанско право, политичко процесно и трудово право на Правниот факултет на Универзитетот Аристотел од 2009 до 2013 година, и како истражувач во Центарот за меѓународно и европско економско право (CIEEL).
Политичка кариера десно|мини| Ацхиоглу во октомври 2018 г Во 2015 година таа била кандидат за пратеник на СИРИЗА и на изборите во јануари и на септемвриските избори. Во рамките на СИРИЗА таа управувала со партиски органи, и како член на централниот комитет, и како член на Солунскиот партиски комитет.
Како извршен директор на политичката канцеларија на Министерството за труд, таа била одговорна за преговорите на грчката влада со институциите за прашања поврзани со пазарот на труд и социјалната политика.
Позиција во грчката влада (2016–2019) Од 5 ноември 2016 година до 9 јули 2019 година, таа била министерка за труд и социјална политика во кабинетот на Ципрас. За време на нејзиниот мандат таа, меѓу другото, таа донела закон за проширување на колективните договори, зголемување на општата минимална плата за 11% и за 27% за младите работници (650 евра), укинувањето на подминималната плата, намалување на невработеноста и на нерегистрираните вработувања, создавање на ОПЕКА и донесување на нови процедури за посвојување.
Грчки пратеник (од 2019 година) За изборите во 2019 година таа била втора на националната избирачка листа на СИРИЗА и била избрана во Парламентот на Грција.
На грчките парламентарни избори во јуни 2023 година, таа повторно била избрана за пратеник. По одлуката на Алексис Ципрас да се повлече од функцијата лидер на партијата, таа на 12 јули 2023 година се кандидирала за функцијата претседател на СИРИЗА. Сепак била поразена од нејзиниот сопартиец Стефанос Каселакис на 24 септември 2023 година. Во ноември 2023 година ја напуштила Сириза со уште 10 пратеници и на 5 декември 2023 година стана член на парламентарната група на новата политичка партија Нова левица (Грција) .
Личен живот За време на нејзината изборна кампања во 2019 година, таа открила дека била во врска со тогашниот државен министер Димитрис Цанакопулос. Во јануари 2021 година изјавила во медиумите дека е бремена.
Наводи
Категорија:Грчки министри Категорија:Родени во 1985 година