Бранко Тричковски (р. во Крива Паланка) – македонски новинар. Од 2019 година, е колумнист и соработник на порталот Фронтлајн.

Кариера Завршил Факултет за политички науки во Загреб. Со новинарство почнал во „Нова Македонија“ (1975), каде што ги минал сите професионални скалила – од помлад соработник до постојан дописник во Софија (1992/96), уредник-коментатор и помошник на главниот и одговорен уредник во период од 1997 1999 година. Во меѓувреме на работа во Македонската телевизија во период од 1985 до 1986 година. Еден од основачите на „Утрински весник“ (1999), негов прв главен и одговорен уредник. Од 2003 г. уредниккоментатор во „Утрински весник“. Прв главен и одговорен уредник на неделникот „Глобус“. Меѓу 2019-2026 година пишувал за порталот Фронтлајн. Тој пишувал и за Нова ТВ.мк и Платформа.мк.

Надворешни врски

Категорија:Македонски новинари