„Целиот свет е спобудален“ (хрватски: Cili svit je inšenpjan) – филм на режисерот Даниел Марушиќ од 1971 година. Марушиќ е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Ивица Видовиќ, Мирко Војковиќ, Хелена Буљан, Здравка Крстуловиќ, Ета Бортолаци, Ана Реџо и Љиљана Будичин Манестар. Музиката во филмот е дело на Перо Готовац, а автор на текстовите на песните е Арсен Дедиќ. Директор на фотографијата е Марио Перушина. Филмот е заснован на две новели на Марко Удовиќ, а премиерно бил прикажан на 31 декември 1971 година, во рамките на новогодишната програма на ТВ Загреб.Marko Uvodić: Cili svit je inšenpjan, hrvatski film (1971.) (пристапено на 6.1.2025)

Синопсис За време на карневалот во Сплит, двајца мажи стануваат жртви на своите амбиции. Барајќи маж за вдовицата Реџа, Пјеро се заплеткува во сопствената мрежа, додека неговиот пријател Нико се труди да се ослободи од мајката на својата идна сопруга...

Наводи

Категорија:Хрватски филмови Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови на Телевизија Загреб Категорија:Филмови од 1971 година Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Сплит Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови на Даниел Марушиќ Категорија:Филмови со Ивица Видовиќ Категорија:Филмови со Мирко Војковиќ Категорија:Филмови со Хелена Буљан Категорија:Филмови со Здравка Крстуловиќ Категорија:Филмови со Ета Бортолаци Категорија:Филмови со Ана Реџо Категорија:Филмови со Љиљана Будичин Манестар