мини|264x264пкс|Борнејска мачка Борнејска мачка (лат. Pardofelis badia) е еден вид на мали мачки, која е ендемска врста на островот Борнео. Класифицирана е како загрозен вид поради големиот пад на популацијата предизвикан од губење на живеалиштата.

Опис лево|мини|Илустрација на борнејска мачка Наликува многу на азиската златна мачка, но е многу помала од неа. Крзното и е светло кафевкасто по боја . Опашката и е долга и зашилена на крајот, а на неа има голема бела лента. Ушите и се заоблени.

Помеѓу 1874 и 2004 година биле измерени само дванаесет примероци. Должина на телото се движела од 49,5 до 67 сантиметри, додека на опашката 30-40, 3 сантиметри. Се претпоставува дека возрасните единки тежат околу 3-4 килограми, но премалку единки се измерени за да се добие посигурна проценка.

Главата и е кратка и заоблена, со темно сива боја и има две темни ленти од аголот на секое око. На задниот дел од главата има темна дамка во форма на буквата "М". Пропорциите на телото и многу долгата опашка и даваат на оваа мачка изглед кој потсетува на јагуарунди.

Екологија и однесување Таинствениот и ноќен начин на живот, а можеби и малата густина на популацијата на борнејската мачка се можни причини зошто е многу тешко да се види. Ништо не е познато за нејзината исхрана и репродуктивно однесување.

Живеалиштето на борнејските мачки се шуми и мочуришни подрачја. Освен на островот Борнео во Индонезија, се среќава и во Малезија и Брунеј.

Во периодот меѓу 2003 и 2006 година била снимена само една фотографија на борнејска мачка и тоа во тек на 5034 ноќи.

Наводи

Надворешни врски

IUCN Cat Specialist Group: Bornean Bay Cat Arhivirano 2022-01-09 na Wayback Machine-u Indian Tiger Welfare Society Arhivirano 2016-05-22 na Wayback Machine-u BBC 2008: Bay cat, Bornean red cat, Bornean marbled cat

Категорија:Загрозени видови Категорија:Мали мачки