мини|246x246пкс|Водоотпорен материјал, DWR, кој во својот состав содржи флуор ПФАС (пер- и полифлуороалкилни супстанци или анг. PFASs ) се група на синтетички органофлуорни хемиски соединенија кои имаат повеќе атоми на флуор прикачени на алкилен ланец; според PubChem има 7 милиони такви хемикалии. ПФАС започнале да се користат по пронаоѓањето на тефлонот во 1938 година за да се направат флуорополимерни облоги и производи кои се отпорни на топлина, масло, дамки, маснотии и вода. Тие сега се користат во разни производи вклучувајќи: водоотпорна ткаенина како најлон, панталони за јога, теписи, шампони, производи за женска хигиена, екрани за мобилни телефони, ѕидни бои, мебел, лепила, за пакување храна, нелепливи површини за готвење отпорни на топлина како тефлон, противпожарна пена и изолација на електрични жици. ПФАС исто така се користат во козметичката индустрија, во повеќето козметички производи и производи за лична нега, вклучувајќи кармин, молив за очи, маскара, подлога, коректор, мелем за усни, руменило и лак за нокти.

Многу ПФАС како што се перфлуороктансулфонска киселина (ПФОС) и перфлуорооктаноинска киселина (ПФОА) претставуваат здравствени и еколошки проблеми бидејќи тие се постојани органски загадувачи; тие биле означени како „засекогаш хемикалии“ во една статија во Вашингтон пост во 2018 година. Некои имаат полуживот над осум години поради врската јаглерод-флуор, една од најсилните во органската хемија. Тие се движат низ почвите и водите, себиоакумулираат во рибите и дивиот свет, кои потоа се консумирани од луѓето. Резидуите сега најчесто се наоѓаат во дождот, водата за пиење и отпадните води. Бидејќи ПФАС соединенијата се многу мобилни, тие лесно се апсорбираат преку човечката кожа, полуслузниците и преку солзните канали. Поради големиот број на ПФАС, предизвик е да се проучуваат и проценат потенцијалните ризици по здравјето на луѓето и животната средина; потребни се повеќе истражувања кои се во тек.

Изложеноста на ПФАС, од кои некои се класифицирани како канцерогени и/или како ендокрини токсини, е поврзана со рак како што се рак на бубрезите, простатата и тестисите, улцеративен колитис, болест на тироидната жлезда, неоптимален одговор на антитела / намален имунитет, намалена плодност, хипертензивни нарушувања во бременоста, намален раст и развој на доенчињата и фетусот, кај децата дебелина, дислипидемија (ненормално висок холестерол ) и повисоки стапки на интерференција на хормони.

Употребата на ПФАС е меѓународно регулирана со Стокхолмската конвенција за постојани органски загадувачи од 2009 година, при што некои јурисдикции, како што се Кина и Европската унија, планираат дополнителни намалувања и исклучувања. Сепак, големите производители и корисници како што се САД, Израел и Малезија не го ратификувале договорот, а хемиската индустрија лобира кај владите да ги намалат регулативите или го преселуваат производството во земји како Тајланд, каде што има послаба регулатива. Во Соединетите Американски Држави, Републиканската партија го искористила правото на филибастер за предлог законите за регулирање на хемикалиите. Прикривањата и супресијата на студиите во 2018 година од страна на администрацијата на Трамп довеле до двопартиско незадоволство.

Во јануари 2025 година, извештаите навеле дека трошоците за чистење на токсичното загадување со ПФАС во Обединетото Кралство и Европа би можеле да надминат 1,6 трилиони фунти во следните 20 години, во просек 84 милијарди фунти годишно.

Наводи

Надворешни врски

Per- and Polyfluoroalkyl Substances (PFAS) at the National Toxicology Program Per- and Polyfluoroalkyl Substances and Your Health at the Agency for Toxic Substances and Disease Registry Per- and Polyfluoroalkyl Substances (PFAS) at the United States Environmental Protection Agency Per- and polyfluoroalkyl substances (PFASs) at the European Chemicals Agency PFAS contamination map of Europe Per- and Polyfluoroalkyl substances, National Institute for Occupational Safety and Health The Forever Pollution Project – Journalists tracking PFAS across Europe PFAS contamination in Queensland, Australia, State Library of Queensland Категорија:Тензиди Категорија:Загадувачи Категорија:Органофлуориди Категорија:Опасни загадувачи на воздухот