Прометеј () — американски научнофантастичен филм на ужасите од 2012 г. во режија на Ридли Скот. Првично наменет како предисторија на филмот „Осмиот патник“ од 1979 г., подоцна бил преобразен во самостоен филм, станувајќи првиот во трилогијата од предисторија. Заплетот на филмот ја раскажува приказната за тоа како, на крајот на XXI век, вселенскиот брод „Прометеј“ тргнува кон ѕвезден систем, чиј образ истражувачите го откриле меѓу карпестите слики на различни древни цивилизации што не биле поврзани една со друга. Во потрага по одговори на прашањето за човечкото потекло, екипажот на бродот пристигнува на далечна планета, каде открива закана што може да доведе до исчезнување на човечкиот вид.

Премиерата на филмот во САД и Македонија била на 8 јуни 2012 г.

Содржина Екипа од истражувачи откриваат трага за потеклото на човечкиот вид што ги води на напнато патување во темните делови на вселената, каде што ќе се вклучат во застрашувачка битка од која зависи опстанокот на човештвото. Експедицијата ја водат двајца генијални млади научници, Елизабет Шо и Чарли Холовеј, со спротивни поводи. Елизабет е верничка, таа сака да ги запознае овие „богови“ за да се доближи до нејзините традиционални верски ставови, додека Холовеј сака да ја открие таа духовност.

Во нивната работа како археолози, тие откриваат траги во пештерските пиктограми од древните цивилизации низ целиот свет, сите укажувајќи на истото место во далечната вселена и ја убедуваат корпорацијата „Вејланд индустрис“ да ја финансира мисијата. Ниту еден од научниците не е подготвен за незамисливите ужаси што ги чекаат.

Улоги

|Номи Рапас |Елизабет Шо |- |Мајкл Фасбендер |Дејвид |- |Шарлиз Терон |Мередит Викерс |- |Идрис Елба |Џанек |- |Гај Пирс |Питер Вејланд |- |Логан Маршал-Грин |Чарли Холовеј |- |Шон Харис |Фајфилд

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2012 година Категорија:Американски филмови