Зугра Стеранова Ацевска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис По стрелањето на нејзиниот сопруг од страна на фашистичкиот окупатор, таа активно се вклучила во НОД од јули 1943 година, иако била мајка на пет малолетни деца. Чувала борци и работела со жените од селото за омасовување на народно-ослободителното движење. Собирала народна помош и организирала печење на леб и плетење топлa облека за борците од Шарпланинскиот партизански одред.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ