мини|250x250пкс| Различни микробиолошки заедници на карактеристична микробиота се дел од растителниот микробиом и се наоѓаат на надворешните површини и во внатрешните ткива на растението домаќин, како и во околната почва. Микробиотата — збир на микроорганизми кои можат да бидат комензални, мутуалистички или патогени и се наоѓаат во и на сите повеќеклеточни организми, вклучувајќи ги и растенијата. Микробиотата вклучува бактерии, археи, протисти, габи и вируси, и е откриено дека е критична за имунолошката, хормоналната и метаболичката хомеостаза на нивниот домаќин.

Изразот микробиом ги опишува или заедничките геноми на микробите кои живеат во еколошка ниша или самите микроби.

Микробиомот и домаќинот се појавиле за време на еволуцијата како синергетска единица на епигенетиката и генетските одлики, понекогаш заеднички наречени холобионт. Присуството на микробиоти во цревата на луѓето и другите метазои е клучно за разбирање на соеволуцијата помеѓу метазоите и бактериите. Микробиотата игра клучна улога во имунолошките и метаболичките одговори на цревата преку нивниот производ на ферментација (кратковерижни масни киселини), ацетатите.

Наводи

Категорија:Бактерии Категорија:Бактериологија Категорија:Микробиологија Категорија:Микробиоми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Грцизми