Оскар Адлер ( — ) — австриски виолинист, лекар и езотерист. Тој бил брат на политичкиот теоретичар Макс Адлер и имал клучно рано влијание врз неговиот современик Арнолд Шенберг. Неговиот пријател и студент Ханс Келер го нарекол „еден од врвните (ако во голема мера приватни) инструменталисти на нашиот век“.

Живот и кариера Адлер бил близок пријател со Арнолд Шенберг од нивните училишни денови, Адлер го подучувал Шенберг за зачетоците на музиката, му ја дал својата прва основа во филозофијата и свиреле камерна музика со него. Иако самоук, Адлер долги години водел гудачки квартет чиј редовен виолончелист бил друг композитор-пријател, Франц Шмит. Адлер, исто така, свирел во Шенберговото Друштво за приватни музички изведби, држел предавања за музика и филозофија, како и давање на музички и духовни совети и изработувајќи хороскопи за многу од водечките креативни уметници во Виена.

Во 1935 година, виолинистот Луис Краснер се консултирал со Адлер (како и со Карл Флеш) за неговиот солистички дел на Албан Берговиот виолински концерт, на кој Краснер првично требал да свири, но не можел во тоа време. Отприлика во тоа време, Адлер бил учител и на младиот Ханс Келер, подоцна музичар, писател и Шенбергов специјалист, жител во Велика Британија.

По Аншлусот, Шенберг се обидел да организира Адлер да дојде во Калифорнија, но тој побегнал наместо тоа во Обединетото Кралство откако неговата виза била обезбедена од шурата на Ханс Келер, Рој Фрејни. Тој го населил во близина на семејството на Келер во Херне Хил додека и двајцата не биле испратени во Хајтоновиот логор во близина на Ливерпул. По ослободувањето, тој и неговата сопруга Пола (Фројд) Адлер, врвна пијанистка, му се придружиле на Келоровото семејството во Лејк Дистрикт и настапувале на концерти за камерна музика со Келер. Последните години ги поминал во Лондон. Адлер и Шенберг го продолжиле своето пријателство преку писма во доцните 1940-ти, дел од кореспонденцијата е објавена.

Главните книги на Адлер биле Критика на чиста музика (1918, конечно објавена во 2020 година), и Тестаментот на астрологијата (објавен во 3 тома 1935–37, многу последователни изданија).

Тестаментот за астрологијата бил преведен на англиски од неговата ученичка Зденка Оренштајн и уредено од страна на Ејми Шапиро. Биографијата на Шапиро вклучува писма, приказни и мемоари собрани низ дваесет години откритија, на луѓе кои ја раскажуваат централната улога што д-р Оскар Адлер ја играл во преднацистичкиот живот на Виена пред 1938 година и додека бил во егзил.

Наводи

Надворешни врски

Портрет на Оскар Адлер (околу 1949-51) од Милеин Косман

Категорија:Починати во 1955 година Категорија:Родени во 1875 година Категорија:Австриски астролози Категорија:Австриски виолинисти