Кралот на скорпиите () — американски акционен авантуристички филм од 2002 г. во режија на Чак Расел и со Двејн Џонсон, Стивен Бренд, Кели Ху, Грант Хеслов и Мајкл Кларк Данкан во главните улоги. Тоа е и предисторија и спиноф на франшизата „Мумија“, со која започнала серијата филмови „Кралот на скорпиите“. Овој филм ја означува првата улога во филмската кариера на Двејн Џонсон. Кралот на скорпиите добил мешани одзиви и заработил 180 милиони долари ширум светот наспроти продукцискиот буџет од 60 милиони долари.
Содржина Во древноста, пред пирамидите, злобниот крал Мемнон ги користи психичките моќи на неговата волшебничка Касандра за да ги претскаже своите големи победи. Во последниот обид да го спречат Мемнон да го преземе светот, водачите на преостанатите слободни племиња го најмуваат убиецот Матајус да ја убие волшебничката. Но Матајус на крајот добива многу повеќе отколку што се пазарел. Сега, со помош на коњокрадецот Арпид, племенскиот водач Балтазар и неочекуван сојузник, останува на Матајус да ја исполни својата судбина и да стане големиот крал на скорпиите.
Улоги
|Двејн Џонсон |Матајус / кралот на скорпиите |- |Стивен Бренд |Мемнон |- |Мајкл Кларк Данкан |Балтазар |- |Кели Ху |Касандра |- |Бернард Хил |Филос |- |Грант Хеслов |коњокрадецот Арпид |- |Ралф Мелер |Торак
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2002 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Universal Pictures