мини|334x334пкс|Комитска погача Комитска погача или лат. Laetiporus sulphureus е вид на печурка која често расте на дрвја во Европа и Северна Америка. На Балканот е позната и под имињата: шумско пиле, жолт леб, врбара или врбовача. Позната е како деликатес, затоа се собира во рана пролет додека е уште млада и се користи во исхрана. Има светло жолта боја и вкус на пилешко. Повеќе капи во облик на школка растат заедно на кори од гниечки и мртви стебла или гранки на листопадни дрва. Најчесто живее на врба (Salix), евла (Alnus), топола (Populus), бука (Fagus), даб (Quercus) и багрем (Robinia). Ретко се јавува на иглолисни како бор (Pinus), ариш (Larix) и тиса (Taxus). Комитската погача е сапрофит. Родноста е поголема во пролет отколку во есен. Најчесто достигнува маса до 20 kg, а најголем примерок со неверојатни 45 kg тежина бил забележан во Хемпшир во Велика Британија октомври 1990 година. Освен луѓето служи како храна и на диви животни како што се елени и срни. Според некои неодамнешни извори, печурката е лековита.
Опис Плодните тела се едногодишни, обично лоцирани не многу високо над земјата на дрвја или трупци. Во првата фаза на развој изгледа како жолтеникава месеста маса, бојата е интензивно жолта до портокалова. Плодното тело постепено се стврднува, добивајќи облик на „уво“ карактеристично за полипорите, составено од неколку споени псевдо-капи во облик на лепеза, кои често стојат на заедничка основа. Големината на капата е од 10 до 40 см. Максималната дебелина на стеблото е околу 7 см. Рабовите на плодните тела се брановидни и поделени на лобуси со длабоки пукнатини.
Тубуларни хименофори со мали заоблени или назабени пори (3-5 на квадратен mm). Младите печурки создаваат жолтеникави водени капки во изобилие. Цевките се жолти, кратки, 2-4 мм долги.
Спорите на комитската погача варираат од елиптични до јајцевидни, глатки се, хијалини и неамилоидни и се со големина од 5–8 x 4–5 µm.
Правот од спори има бледо-кремаста боја.
Морфолошки слични на комитската погача се видовите L. huroniensis и L. gilbertsonii.
Лековити својства Печурката се смета за лековита; ин витро го инхибира развојот на некои форми на канцерогени клетки. Исто така, има антимикробни и антивирусни својства.
Галерија
Литература Smith, Alexander H.; Smith Weber, Nancy (1980). The Mushroom Hunter's Field Guide. University of Michigan Press. .
Наводи
Категорија:Јадливи габи