Балдуин I Фландриски (1172 – 1205/6) – гроф на Фландрија и на Ено, водач на Четвртата крстоносна војна, император на Латинското Царство (1204–1205/6). Водел успешни војни против Византијците во Мала Азија. Се обидел да ја задуши побуната на византиското благородништво во Тракија, помогната од Бугарите, но бил победен и заробен од Бугарите во Битката кај Адријанопол (1205). Починал во заробеништво.
Категорија:Родени во 1172 година Категорија:Починати во 1205 година Категорија:Христијани од Четвртата крстоносна војна Категорија:Грофови на Фландрија Категорија:Грофови од Ено Категорија:Луѓе од Валансјен Категорија:Европски монарси од 13 век