Lawsonia inermis, исто така познaта како к’на или египетска прасика, е цветно растение и еден од единствените два вида од родот Lawsonia, а другиот е Lawsonia odorata. Се користи како традиционално лековито растение. Видот е именуван по шкотскиот лекар Исак Лосон, добар пријател на Линеј. Од него се прави традиционалното боило к’на.
Опис к’на е високa грмушка или мало дрво, кое достигнува висина од 1,8 до 7,6 метри. Има мазни гранки и е разгранета, со гранчиња кои завршуваат со трн. Листовите растат спротивно еден на друг на стеблото. Тие се мазни, субсесилни, елиптични и копјести (долги и пошироки во средината; просечни димензии се 1,5–5,0 x 0,5–2 см, заострени (се стеснуваат во долг врв) и имаат вдлабната иневатура на грбната површина. Цветовите на к’на имаат четири чашкини ливчиња и 2 мм долга цевка на чашката, со 3 мм раширени лобули. Нејзините ливчиња се овални, со бели или црвени прашници кои се наоѓаат во парови на работ од цевката на чашката. Овариумот е четириклеточен, долг 5 мм и исправен. Плодовите на к’на се мали, кафеави капсули, со дијаметар од 4–8 мм, со 32–49 семиња по плод и неправилно се отвораат во четири дела.
Распространетост и живеалиште Растението к’на потекнува од северна Африка, Азија и северна Австралија, во полусуви зони и тропски области.
Одгледување Најмногу боја произведува кога се одгледува на температури помеѓу 35-45°Ц. На почетокот на врнежливите периоди, растението расте брзо, испуштајќи нови изданоци. После тоа растот се забавува. Листовите постепено пожолтуваат и паѓаат за време на долги суви или ладни интервали. Не успева каде минималните температури се под 11°Ц . Температури под 5°Ц ќе го убие растението.
Боја Неговите исушени лисја се извор на бојата к’на што се користи за боење на коса, кожа и нокти на рацете, како и ткаенини вклучувајќи свила, волна и кожа.
Листовите имаат и антигабични и антисептички својства.
Галерија со слики
Наводи
Категорија:Растителни вапсила Категорија:Врболистови Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј