Дерзелас (Дарзалас) бил хтонски бог на изобилството, подземниот свет, здравјето и духовната виталност, почитуван меѓу Дакијците и Тракијците.
Дерзалас бил божество од хеленистичкиот период почитуван во Одесос (денешна Варна) и често се појавувал на локалните кованици од третиот век п.н.е. до третиот век н.е. Обично бил прикажан облечен во химатион, држејќи рог на изобилството со жртвеници покрај себе. Во негова чест бил изграден храм со култна статуа, каде на секои пет години се одржувале игрите „Дарзалеја“, на кои веројатно присуствувал и императорот Гордијан III во 238 н.е.
Друг храм посветен на Дерзелас бил изграден во Истра која била грчка колонија на брегот на Црното Море во третиот век п.н.е.
Белешки
Категорија:Дакијци Категорија:Дакија