Езерото Јасна (сло: Jezero Jasna) е името на две меѓусебно поврзани вештачки езера кои се наоѓаат во близина на Крањска Гора покрај патот до превојот Вршич.

мини|Слика од Езерото Јасна

Езерцата се уредени за потребите на туризмот на слиот на реките Мала и Велика Пишница. На сливот има уште помал природен кањон и скриена Хидроелектрична Централа Крањска Гора.

Постојат патеки за пешачење околу Јасна, а шумскиот пат покрај долината Мала Пишница, кој бил напуштен по земјотресот во 1980 година, има свој почеток тука. Покрај езерото, освен апартманите, има и детско игралиште и бронзена статуа на дива коза на природна карпа, создадена помеѓу 1986 и 1988 година од скулпторот Стојан Батиќ.

Надворешни врски

https://web.archive.org/web/20120423123831/http://www.gorenjske-elektrarne.si/Nase-elektrarne/Hidroelektrarne/HE-Kranjska-Gora https://kraji.eu/slovenija/jezero_jasna/slo

Категорија:Општина Крањска Гора Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Езера во Словенија