Хакерските групи — неформални заедници на ИТ специјалисти обединети со заеднички мотив за нивните активности. Тие почнале да се развиваат во раните 1980-ти, по појавата на домашниот сметач.

Преглед Првите компјутерски хакери се појавиле во 1960-тите. Терминот хакер бил едноставно секое лице што користело компјутер како хоби. Во раните 1980-ти, хакерите почнале да се обединуваат во групи, што било олеснето со појавата на електронски огласни табли. Во исто време, хакерската заедница добила свој печат, хакерите почнале да се споменуваат во киното. И тогаш, со растот на активноста на хакерските групи, почнале да се воведуваат првите закони од областа на информациската безбедност. Хакерските групи обезбедиле пристап до информации и ресурси, како и можност за учење на вештини од другите во заедницата. Хакерите исто така би можеле да добијат кредибилитет со тоа што ако биле поврзани со елитна хакерска група. Имињата на хакерските групи често пародираат големи претпријатија, влади, полиции и криминалци; и често користеле специјализиран правопис.

Области на активности Нивните цели можат да бидат или злосторнички по природа - кражба на податоци, изнуда, уцена; или воено-политички - напади на информации и друга инфраструктура на одредени претпријатија и држави.

Често, групите можат да комбинираат различни видови активности.

Поврзано Хакери Хакери (филм) Список на хакерски групи Кибервојна Сметачко злосторство

Наводи

Категорија:Хакерски групи Категорија:Подземни компјутерски групи