Анета Мицо Бојмалиева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.
Животопис десно|мини|200x200пкс|Партизанската споменица 1941 чиј носител е Анета Бојмалиева. За член на КПЈ била избрана во 1939 година. Во 1941 година станала член на Комисијата за работа со жените и формирала симпатизерски грyпи со кои собирала народна помош. Била врска на партиската организација во селото со Месниот Комитет КПМ - Гевгелија. Од 15 септември до 1 декември, била секретар на партиската организација во Негорци. Во нејзиниот дом била направена специјална скривница во која се чувала собраната народна помош во храна и облека и од тука се носела во партизанската база на одредот „Сава Михајлов“. Кај неа често престојувале илегалци и борци и била врска со одредот „Сава Михајлов“. Од бугарската полиција на двапати била затварана и сослушувана. Во декември 1943 година била затворена заедно со неколку месечното бебе и била одведена во Централниот затвор во Скопје, но по еден месец била ослободена. Во август 1944 година била избрана е за член на МК КПМ, а во септември ѝ на Народно-ослободителниот одбор во Негорци. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе одликувања.
На 28 декември 1943 година од страна на бугарската фашистичка жандармерија биле уапсени повеќе лица, од селата во гевгелиска општина. Овој настан Анета Бојмалиева го опишува во своето сведоштво:
Поврзано Ристо Бојмалиев Магдалена Бојмалиева
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941