Војтех РавникарРоден4 април 1943 ЉубљанаПочинал17 септември 2010 (на 67 г.) ГолникНационалностСловенечкоАлма матерЉубљнски УниверзитетПрофесијаАрхитектПрепознатливо делоСловенечки Национален Театар во Нова Горица Војтех Равникар (4 април 1943 – 17 септември 2010 година) — словенечки архитект.

Ран живот Равникар е роден во Љубљана, во тогашното Кралство Југославија, но поголемиот дел од детските години го поминал во градот Нова Горица во западна Словенија. По дипломирањето на Гимназијата Нова Горица, тој се запишал на Универзитетот во Љубљана и дипломирал архитектура.

Кариера мини|200п|Словеначки национален театар во Нова Горица, дело на Равникар

Равникар ја започнал својата архитектонска кариера во 1978 година и дизајнирал бројни познати згради во Словенија. Неговите најпознати згради се наоѓаат во приморскиот регион на земјата, вклучувајќи ја градската сала во Сежана, хотелот Пиран во Пиран и Националниот театар во Нова Горица.

Равникар освоил бројни награди, вклучувајќи ја Наградата Плечник од 1987 година (награда за национална архитектура на Словенија), Меѓународната Награда Пиранези од 1990 година, Наградата Прешерен од 2003 година (награда за национална уметност на Словенија) и Наградата Хердер од 2006 година (меѓународна награда за достигнувања во науката, уметноста или литературата)..

Од 1993 година до неговата смрт, работел како професор на Универзитетот во Љубљана. Работел како гостин-професор на Универзитетот во Трст, Италија (2002), и на Универзитетот во Тренто, Италија (2004–2005).

Тој починал во Голник близу Крањ на 17 септември 2010 година, на возраст од 67 години.

Личен живот Равникар бил во брак со словенечката политичарка Мајда Ширца (Зарес).

Категорија:Апсолвенти на Љубљанскиот универзитет Категорија:Добитници на Прешерновата награда Категорија:Луѓе од Нова Горица Категорија:Починати во 2010 година Категорија:Родени во 1943 година Категорија:Словенечки архитекти