десно|мини|300x300пкс| Името на куќата „Фаруж“ во Италија Традиционалните словенечки имиња на полиња и куќи се дел од културното наследство на Словенците, како и на германското говорно население во Каринтија, Австрија. Многу истражувачи, заедници и организации работат на зачувување на словенечките микротопоними.
Во 2010 година, „Словенечките имиња на полиња и куќи во Каринтија“ биле вклучени во УНЕСКО Инвентарот на Нематеријално Културно Наследство во Австрија (Нематеријално културно наследство во Австрија.). Зачувувањето на словенечките топоними во оваа област е особено критично, бидејќи тука векови наназад писмениот јазик бил германски, додека традицијата на словенечкиот јазик била пренесувана во усна, дијалектална форма, а денес само мал број луѓе ги користат традиционалните имиња.
Постојат прекугранични соработки помеѓу Словенија и Австрија насочени кон зачувување на имињата на полиња и куќи. Првите локални иницијативи започнале во регионот Горешка во Словенија во 2005 година. Во 2008 година им се приклучила Јужна Каринтија. Европскиот прекуграничен проект FLU_LED (2011-2015) ги обединил двата напора во еден. Двата региона развиле заедничка методологија за собирање податоци и документација (записување и мапирање) и вклучиле повеќе од 1.600 стари луѓе за собирање на имињата. До 2020 година биле документирани 15.700 имиња на куќи и 9.600 имиња на полиња. Категорија:Словенечка култура Категорија:Австриска култура Категорија:Топонимија