Фтери или Фтир () — поранешно село во Правишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Кушница во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија Селото се наоѓало во јужните делови на планината Лути Рид, околу 6 км југозападно од Чиста и југоисточно од Боблен, на надморска височина од 300 м.

Историја

Во Отоманското Царство Во XIX век Фтери било грчко село во Правишката Каза на Драмскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Фтир имало 110 жители Грци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Фтир (Phtir) имало 100 Грци.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 166 жители. На 4 септември 1916 г., селото е уништено од страна на бугарската војска. Населението се иселило во соседните села Дрезна и Чиста, кон кое бил припоен атарот.

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква

Мостови

Фтериски мост — стар камен мост кај селото

Наводи

Категорија:Историски села во Кушница