Кара Матеја Брајковска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Учествувала во заднината на НОД од 1942 година во селото Беличица. Подготвувала храна за борците и илегалците кои престојувале во селото и вршела курирска служба. Во нејзиниот дом престојувале илегалци, членови на V Окружен Комитет на КПМ. Чувала и негувала болни и ранети борци меѓу кои: Дејан Деаковски и Ели Аргир-Наумовска - Илинка. Честопати пренесувала партиски материјал од Беличица во Галичник и Маврово. Била изложена на терор од балистите и носена на сослушувања во село Трница и Дебар.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ