Свети Илија — главна манастирска црква на Доланскиот манастир во штипското село Долани, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во северниот дел на селото, во близина на селските гробишта. До црквата води асфалтен пат од самото село.
Во 2020 година била издадена „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ од страна на Центарот за управување на кризи и Универзитетот „Гоце Делчев“ во која се вели дека црквата врз основа на својата градба, местоположба и околина е загрозена од појава на пожари.
Историја
Црквата била изградена и осветена во 1919 година, но нема податоци од кого е осветена.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата поседува делумен фрескоживопис, кој потекнува од истата година кога била подигната (1919 г.). Нема податоци кој бил зографот.
Икони и иконостас
Црквата поседува мал иконостас.
Галерија
Поврзано Штипско архијерејско намесништво Осма приградска парохија Долани
Наводи
Надворешни врски
Долани Категорија:Долански манастир