Матјаж Кек (роден на година) — словенечки професионален фудбалски тренер и поранешен играч кој е актуелен селектор на Фудбалската репрезентацијата на Словенија.

Во својата менаџерска кариера двапати ја освоил Првата словенечката фудбалска лига со Марибор. Како селектор на репрезентацијата на Словенија, тој го предводел тимот на два големи турнири, и тоа на квалификациите за Светското првенство во фудбал во 2010 година и Европското првенство во фудбал во 2024 година.

Фудбалска кариера Кек ја започнал својата кариера во неговиот домашен клуб ФК Марибор, пред да се пресели во друг тим од Марибор, ФК Железничар Марибор. Во 1980 година се вратил во Марибор. Во 1985 година се приклучил на австрискиот клуб СВ Спитал/Драу, каде што останал три сезони. Кек потоа преминал во друг австриски клуб, ГАК AK од Австриската бундеслига каде играл седум години. После тоа, тој се врати во Марибор, каде меѓу 1995 и 1999 година има освоено три титули во словенечката лига, пред да се повлече. Севкупно, Кек остварил 280 настапи за Марибор во сите натпреварувања во текот на единаесет сезони. Поголемиот дел од кариерата го поминал играјќи во одбраната, најмногу на централниот бек,а бил познат и по своите лидерски способности.

Еднаш играл за Словенија, на пријателскиот натпревар против Кипар во 1992 година.

Менаџерска кариера

Марибор По завршувањето на својата кариера како играч, Кек останал во Марибор, служејќи како помошник менаџер една сезона, пред да биде назначен за менаџер во март 2000 година, откако Бојан Прашникар го напуштил клубот. Тој веднаш ја освоил титулата во лигата во сезоната 1999-2000. Поднел оставка во септември 2000-та година по поразот со 3-1 против Коротан Преваље. Во октомври 2001 година, Кек се вратил во Марибор како привремен менаџер откако Иво Шушак поднел оставка. Неколку недели подоцна, тој бил преместен на позицијата помошник менаџер откако Прашникар ја превзел менаџерската улога. Во септември 2002 година, тој повторно станал менаџер на тимот, и ја освоил титулата во лигата во сезоната 2002-2003. Кек бил отпуштен од тимот на 20 септември 2004 година по низа лоши резултати.

Репрезентацијата на Словенија Помеѓу 2006 и 2007 година, Кек бил главен тренер на младинските селекции на Словенија до 15 и до 16 години. На 5 јануари 2007 година, Кек бил назначен за селектор на репрезентацијата на Словенија која ја предводел на Светското првенство во фудбал 2010 откако ја победила Русија во плеј-офот. На 24 октомври 2011 година, по неуспешните квалификации Европското првенство 2012, Кек и Фудбалскиот сојуз на Словенија постигнале заеднички договор за предвремено раскинување на неговиот договор. Негов наследик бил Славиша Стојановиќ.

Ал-Итихад На 20 декември 2011 година, Кек станал главен тренер на саудискиот клуб Ал Итихад, но неговата кратка средба со арапскиот фудбал ненадејно завршила кога бил отпуштен за помалку од два месеци, на 8 февруари 2012 година.

Риека На 27 февруари 2013 година, по повеќе од една година без договор, Кек го превзел хрватскиот прволигаш ХНК Риека. Тој ја водел Риека до групната фаза на УЕФА Лига Европа во сезоните 2013–14 и 2014–15 . Во сезоната 2016-17, Кек ја предводел Риека до нивната прва шампионска титула и историска двојна круна. Тој, исто така, ги освои сезоните 2013–14 и 2016–17 на Купот на Хрватска, како и хрватскиот Суперкуп во 2014 година. Во сезоните 2013–14, 2014–15 и 2015–16 во Хрватската Прва лига, Риека завршила како второпласирана. Со повеќе од пет години во клубот, Кек има бројни клупски рекорди, вклучително и за повеќето победи и настапи како менаџер. На 24 октомври 2016 година, тој станал менаџер со најдолг стаж на Риека со само едно именување. Во јуни 2017 година, Кек потпишал нов тригодишен договор со Риека, кој го поврзувало со клубот до јуни 2020 година. На 7 септември 2017 година, Кек станал менаџер со најдолг стаж со едно именување во историјата на хрватската прва фудбалска лига. Тој поднел оставка на 6 октомври 2018 година по поразот од 2–1 против ХНК Горица.

Враќање во репрезентацијата на Словенија На 27 ноември 2018 година, Кек бил назначен за менаџер на Словенија по втор пат во својата кариера, на местото на привремениот менаџер Игор Бенедејчич. Тој го водел тимот за време на квалификациите за Европското првенство 2020, каде Словенија завршила на четвртото место со четири победи од десет натпревари. Во 2020 година, Словенија останала непоразена за рекордни осум победени последователни натпревари, а исто така завршила на првото место во Групата 3 од Лигата на нации Ц на УЕФА 2020–21 и на тој начин била промовирана во Лига Б.

Во квалификациите за УЕФА Еуро 2024, Кек ја одвел Словенија до второто место во групата, откако го совладала Казахстан со резултат од 2–1 на последниот натпревар, обезбедувајќи го првиот настап на земјата на Европското првенство по 24 години.

Личен живот Таткото на Матјаж, Франц, играл за ФК Марибор во раните 1960-ти години, остварувајки 51 настап за клубот и постигнувајќи еден гол. Неговиот син, исто така наречен Матјаж, е поранешен фудбалер.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фудбалери на ФК Марибор Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1961 година Категорија:Статии со извори на словенечки (sl) Категорија:Словенечки фудбалери Категорија:Словенечки фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Железничар Марибор Категорија:Фудбалери на ФК Спитал/Драу Категорија:Тренери на ФК Марибор Категорија:Тренери на ФК Риека Категорија:Тренери на ФК Ал Итихад