мини|десно|Манастир Св. Фрањо во Пиран

Манастир Св. Фрањо во Пиран е Римокатолички манастир сместен во Пиран, историски пристанишен град на брегот на Јадранското Море во југозападна Словенија. Манастирот е управуван од страна на Францисканци.

Историја лево|мини|220x220пкс| Манастир Св. Фрењо во Пиран лево|мини|220x220пкс| Лакови на манастирот

Рана историја Црквата св. Катарина од Сиена била веќе изградена во 1301 година, кога започнала изградбата на блиската манастирска црква св. Фрањо Асишки од страна на сивите фрањевци. Историчарите на манастирот (Трани, Граниќ и Фрасон) напишале дека Џузепе Тартини ја добил своето прво музичко образование во манастирот, каде што неговите родители му изнајмиле соба по 1700 година н.е. Од 1954 до 1990 година, црквата била национализирана, а со денационализацијата била вратена на Црквата во 1996 година.

Францисканците започнале со изградба на сегашната црква св. Фрањо во 1301 година и ја завршиле во 1318 година.

Семејството Тартини При 300-годишнината од раѓањето на Џузепе Тартини, во архивите на манастирот биле пронајдени планови од стари надгробни споменици, вклучувајќи го и оној што му припаѓал на семејството на Тартини.

До клоистерот води полукружен портал украсен со богато изрезбани столбови, кои носат архитрав со натпис и грбови.

Настани

Атриумот на манастирот веќе децении е место на кое се одржуваат настаните на Музичките вечери на Пиран. Категорија:Манастири во Словенија