Исус Христос Животодавец (; ) — црква во селото Борје, во општината Горица на истоимената област, Албанија. Влегува во состав на Горичката митрополија на Албанската православна црква.
Историја Според ктиторскиот натпис сместен над јужниот влез на црквата, таа е подигната во 1389–1390 г. од епископот Нифонт. Другиот натпис во храмот гласи:
Зографите на црквата се припадници на Костурската уметничка школа од втората половина на XIV век. Нивни дела се живописите на црквата „Св. Атанасиј Музачки“ во Костур и „Рождество на Пресвета Богородица“ на островот Мал Град во Преспанското Езеро.
Во 1948 г. црквата била прогласена за заштитен споменик на културата.
Поврзано
Борје
Наводи
Категорија:Цркви во Горичката митрополија Категорија:Дела на Костурската школа Категорија:Споменици на културата во Албанија