Драга Станчова Вражалска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Кон крајот на 1942 година заедно со својот сопруг, активен политички работник, по налог на Партијата се преселила во Скопје. Организацијата им доделила конспиративен стан и ги ангажирала за вршење на илегална работа. Чувала илегалци, вршела курирска работа. На 24 февруари 1944 година стапила во Кумановскиот партизански одред, а потоа била испратена на работа во болницата при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Кон средината на 1944 година била вратена на заднинска работа во Кочани. Окупаторот веднаш ја открил и ја уапсил. Поради немање докази била пуштена на слобода. Потоа се префрлила да живее илегално во Скопје. Во септември 1944 година, повторно оди на работа во заднината во Кочани ѝ работела на организирање на одбори на АФЖ.
Поврзано Никола Вражалски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ