Свети Јован Крстител (понекогаш нарекувана и како Отсекување на главата на Свети Јован Крстител) — главна селска црква во штипското село Љуботен, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото и преовладува во околината поради нејзината поставеност.
Во 2020 година била издадена „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ од страна на Центарот за управување на кризи и Универзитетот „Гоце Делчев“ во која се вели дека црквата врз основа на својата градба, местоположба и околина е загрозена од појава на пожари.
Историја
Црквата била изградена и осветена во 1936 година, но нема податоци од кого била осветена.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата поседува живопис, но нема податоци кој го направил живописот.
Галерија
Поврзано Штипско архијерејско намесништво Осма приградска парохија Љуботен
Наводи
Надворешни врски
Љуботен