Борис Василевич Спаски (), ( (тогаш Ленинград), – , ) — руски велемајстор. Светски шаховски првак во 1969 година. Завршил Филолошки факултет, насока новинарство. Шаховски мајстор станал во 1952, меѓународен мајстор во 1953 и велемајстор во 1955 година. Заедно со Смислов, единствениот играч кој победил на два последователни натпревари на турнирот за кандидати:
1966: Керес 6:4, Гелер 5½:2½, Таљ 7:4. Таа година го загубил мечот на светското првенство од Петросјан со 11½:12½; 1968 : Гелер 5½:2½, Ларсен 5½:2½, Корчној 6½:3½.
Во 1969 година го победил Петросјан со 12½:10½ и станал десетти светски шаховски првак. Титулата најдобар ја загубил во мечот со американскиот велемајстор Боби Фишер кој во познатиот меч во Рејкјавик во 1972 година го победил со резултат 12½:8½.
Младост и први успеси Роден е во Ленинград и како и сите деца во тој град, детството го поминал во збег. По ослободувањето се вратил во родниот град и активно се вклучил во работата на Пионерскиот дом. Како што бил случајот со другите надарени деца, Спаски бил одвоен за посебни тренинзи во шаховската секција.10th World Champion Boris Spassky: My Knowledge of Chess Openings Was Really Bad interview in the Sovetsky Sport newspaper, 2012-01-20 (in Russian) На единаесетгодишна возраст ја освоил првата категорија, а на тринаесет години ја освоил титулата кандидат мајстор. Многу рано добил можност да игра на меѓународно ниво.
Станал меѓународен мајстор на голем турнир во Букурешт на 16-годишна возраст. Две години подоцна играл на 22. првенство на Советскиот Сојуз каде го делел третото до шестото место. После тоа, станал член на советскиот студентски тим кој го освоил светското првенство во Лион. Го делел првото место на 23. првенство на СССР. На турнирот за кандидати во Амстердам, го делел третото до седмото место. Многу мла влегол во борби на највисоко ниво.
Поход на круната лево|мини|250x250пкс| Спаски-Петросјан, Москва, 1966 година На 24 години станал првак на Советскиот Сојуз, а со тоа и член на олимпискиот тим. На Олимписките игри во Варна 1962 година Спаски играл одлично, освоил 11 поени на 14 меча. На 31. првенство на СССР го делел првото место, а на Me]uзонскиот турнир во 1964 година на првото место бил сам. Се вклучил во системот натпреварување за Светското првенство. На Меѓузонскиот турнир го делелпрвото до четвртото место и бил еден од осумте кандидати за Петросјановата круна.
Во Рига во 1965 година ги победил Керес и Гелер. Потоа го победил и Таљ. Со овие победи обезбедил финале со Петросјан. Нивниот меч се одржал во театарот Естрада во Москва следната година. Не успеал да го пробие одбранбениот ѕид на тогашниот првак. 17 натпревари завршиле нерешено, Петросјан добил 4, а Спаски 3. Со еден поен разлика (12½:11½) титулата била одбранета.
Неколку години подоцна, тие повторно се сретнале. Во 17. партија, кога Петросјан понудил реми, Спаски длабоко се замислил. Храбро ја одбил понудата. Петросјан бил збунет и не забележал дека може да ја добие партијата со еден потег. Наместо тоа, тој згрешил и Спаски победил. По таа партија, психолошката предност била на негова страна. По 23. партија резултатот бил (12½:10½) и Борис Спаски станал светски првак во 1969 година.
„Меч на векот“ мини|237x237пкс| Плакат за мечот помеѓу Спаски и Фишер Во 1972 година се сретнал со Фишер во Рејкјавик. Првата партија била неизвесна, а во завршницата Фишер направил несфатлива грешка и загубил. Потоа, Спаски се понел како вистински џентлмен, преминувајќи преку несоодветното однесување на Фишер. Американецот побарал камерите на Честер Фокс да бидат отстранети од салата, иако и тој и Спаски потпишале договор за снимање. Боби Фишер не дошол на втората партија. Бранителот на титулата имал право да го напушти Исланд по водството од 2-0 и да се врати дома како првак. Сепак, тој не сакал да му го одземе задоволството на светот, кој му бил благодарен за искуството кое потоа не се повторило. Спаски го загубил мечот со Фишер.
И по губењето на титулата активно играл шах. Следната година бил првак на Советскиот Сојуз. Една година подоцна лесно се пласирал на турнирот за кандидати. Лесно го совладал Бирн во четвртфиналето, но неочекувано загубил од Карпов во полуфиналето. Во неговите нови обиди, бил сопиран од разни играчи.
Наводи
Литература Spassky's Best Games by Bernard Cafferty, Batsford, 1969. World chess champions by Edward G. Winter, editor. 1981
No Regrets: Fischer–Spassky by Yasser Seirawan; International Chess Enterprises; March 1997. Bobby Fischer Goes to War: How the Soviets Lost the Most Extraordinary Chess Match of All Time by David Edmonds and John Eidinow; Ecco, 2004. Garry Kasparov (2004). My Great Predecessors, part III. Everyman Chess.
Надворешни врски
Interview with Boris Spassky at GrandMaster Square Chessbase report of Spassky's stroke "Boris Spassky" by Edward Winter
Категорија:Луѓе од Санкт Петербург Категорија:Француски шахисти Категорија:Советски шахисти Категорија:Руски шахисти