Музејот на Хектор Берлиоз — музеј за композиторот Хектор Берлиоз, во Ла Кот-Сент-Андре, Изер, Франција. Куќата е родно место на композиторот.
Историја Куќата била изградена околу 1680 година. Околу 50 години подоцна, ја купиле прабабата и прадедото на Берлиоз и во голема мера била обновена во тоа време. Хектор Берлиоз е роден овде на 11 декември 1803 година и живеел тука до својата осумнаесетта година. Семејството живеело во куќата до смртта на таткото на композиторот д-р Луј Берлиоз во 1848 година. Градот поставил спомен-плоча на куќата во 1885 година.
Во 1932 година, Мадам Димјен, која го купила имотот, му ја подарила куќата на Здружението на пријателите на Берлиоз. Бил основан музеј, свечено отворен од државниот министер Едуар Ерио на 7 јули 1935 година. Бил заведен во списокот на историски споменици во 1942 година. Во 1968 година станал сопственост на департманот Изер. мини| Голем салон: просторија на музејот Градбата била изградена неколку пати, најново во 2002–2003 година, на двестогодишнината од раѓањето на композиторот. Куќата е означена дека припаѓа на Maisons des Illustres („Куќи на славните“).
Експонати Собите прикажуваат аспекти од животот на Берлиоз, преку неговата преписка, музички партитури и други експонати. Секоја година има привремена изложба во визбите на куќата.
Наводи
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Хектор Берлиоз Категорија:Биографски музеи во Франција Категорија:Музеи на музиката во Франција Категорија:Музеи основани во 1935 година