Мица Врангалова - Меденица ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Организирано учествувала во НОД од летото 1943 година. Собирала народна помош, оружје, пренесувала илегалци. За време на зимската блокада во Кавадарци во јануари 1944 година со една група младинци била затворена, но поради немање докази наскоро била ослободена. Во август 1944 година стапила во единиците на НОВ. По ослободувањето на Кавадарци била избрана за член на Околиски комитет на СКОЈ и задолжена за работа со селската младина од Тиквешката околија. Во тоа време есента 1944 година била примена за член на КПМ.
Завршила во гимназијата „Добри Даскалов“ во генерацијата 1944/1945.
Поврзано Благородна Врангалова Сика Врангалова
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ