Антон Вратуша (роден Антал Вратуша;Ivan Jerič (January 2001) . 21 февруари 1915 – 30 јули 2017 година) бил словенечки политичар и дипломат кој бил премиер на Словенија од 1978 до 1980 година и амбасадор на Југославија во Обединетите нации. лево|мини|203x203пкс| 1966 година Вратуша бил роден во Долњи Славечи, Австроунгарија, денешна Словенија. Неговите родители биле Антал Вратуша и Ана Бокан. Тој положил испит за наставник по стенографија. Дисертацијата по славистика ја одбранил на факултетот за уметности во Љубљана во 1941 година.
По избувнувањето на Втората светска војна во Југославија, Вратуша им се придружил на југословенските партизани, но бил интерниран во италијанските концентрациони логори во Гонарс, Тревизо, Падова и Раб од февруари 1942 до септември 1943 година. Vratuša, Anton – Slovenska Akademija Znanosti in Umetnosti, sazu.si] Откако концентрациониот логор во Раб бил ослободен од стана на партизаните, Вратуша бил именуван за заменик командант на нивниот баталјон Раб, составен од преживеани од логорот. Тој станал и шеф на делегацијата на југословенските партизани во Народноослободителниот комитет, подземниот политички субјект на италијанските партизани за време на германската окупација на Италија во последните години од Втората светска војна.
По завршетокот на војната, продолжил со академска и дипломатска кариера. Бил началник на кабинетот на Едвард Кардељ (1953–1965) и амбасадор на Југославија во Обединетите нации (1967–1969). Од април 1978 до јули 1980 година, станал премиер на Југословенската Социјалистичка Република Словенија. Бил и член на Словенечката академија на науките и уметностите.
Тој помогнал во основањето на Меѓународниот центар за промоција на претпријатијата, кој порано бил познат како Меѓународен центар за јавни претпријатија во земјите во развој, а подоцна служел како почесен претседател на неговиот совет.
Публикации Објавените дела од страна на Вратуша ги вклучуваат „Комуната во Југославија“ (1965) и „Проспективите на движењето на неврзаните“ (1981). Од 1985 до 1988 година, тој пишувал различни публикации на ОН, особено од областа на правото на морето и политиката во земјите во развој.
Смрт Вратуша починал на 30 јули 2017 година на 102-годишна возраст.
Наводи
Категорија:Починати во 2017 година Категорија:Родени во 1915 година
Категорија:Словенечки политичари