Изотопски чист дијамант — вид дијамант кој е целосно составен од еден изотоп на јаглерод. Изотопски чистите дијаманти се добиени или од почестиот јаглероден изотоп со масен број 12 (скратено како 12C ) или од пореткиот изотоп 13C. Во споредба со природните дијаманти кои се составени од мешавина од изотопи 12C и 13C, изотопски чистите дијаманти поседуваат подобрени особености како зголемена топлинска спроводливост. Топлинската спроводливост на дијамантите е најмала кога 12C и 13C се во сооднос 1:1 и достигнува максимум кога составот е 100% 12C или 100% 13C.
Производство Изотопите на јаглеродот може да се одвојат во облик на гасот јаглерод диоксид со каскадни реакции на хемиска размена со амин карбамат. Таквиот CO2 може да се претвори во метан и од таму во изотопски чисти вештачки дијаманти. Изотопски збогатените дијаманти се синтетизирани со примена на хемиско таложење на пареа проследено со висок притисок.
Видови
Јаглерод 12 Изотопски чистиот 12C, (или во пракса 15-кратно збогатување на изотопскиот број, 12 преку 13 за јаглерод) дава 50% повисока топлинска спроводливост од веќе високата вредност од 900-2000 W/(m· K) за нормален дијамант, кој содржи природна изотопска смеса од 98,9 % 12C и 1,1% 13C. Ова е корисно за ладилници во индустријата за полуспроводници.
Јаглерод 13 Изотопски чисти дијамантски слоеви на 13C со дебелина од 20 микрометри се користат како сензори за стрес поради погодните својства на Рамановата спектроскопија од 13C.
Наводи
Категорија:Изотопи на јаглеродот Категорија:Вештачки дијамант