Леди Алсина Димитреску () — лик од Resident Evil Village, видеоигра од 2021 г. развиена и објавена од Capcom. Како една од главните непријатели на играта, таа владее со оддалечено источноевропско село заедно со другите лордови, од кои сите служат на главната злобница, Мајка Миранда. Стоејќи на впечатлива висина од три метри, Леди Димитреску е огромна вампирка облечена во отмена облека во старински стил. Таа живее во готски замок со нејзините три ќерки — Бела, Касандра и Даниела — кои, како неа, се хранат со човечка крв, црпејќи јасно вдахновение од вампирскиот фолклор.
Дизајнерот Томонори Такано се обидел да се оттргне од традиционалните непријатели на серијата, како што се зомбијата и мутантите, наместо тоа да црпи вдахновение од историски и поп-културни личности како Ержебет Батори и толкувањето на Анџелика Хјустон како Мортиша Адамс. Од мигот кога се појавила во промотивен материјал, Леди Димитреску ја воодушевила публиката, брзо станувајќи вирална сензација преку обожавателски цртежи, косплеј, семрежни мемови и еротика.
Појавувања во играта Во Resident Evil Village, Леди Димитреску е една од „четирите лордови“, моќни владетели на далечното источноевропско село, од кои сите служат на главната злобница, Мајка Миранда. Секој лорд поседува натприродни способности, дадени од паразитот познат како „каду“.
Според приказната на играта, Димитреску е родена пред Првата светска војна во благородничко семејство и страдала од наследна болест на крвта слична на порфирија. Во 1958 г., Мајка Миранда, во нејзината потрага да ја воскресне својата ќерка Ева, ја убедила Димитреску да направи експеримент со паразитот каду. Меѓутоа, паразитот реагирал неочекувано, поради што Димитреску брзо пораснала до огромна висина. Таа, исто така, се здобила со способност да ги прошири острите канџи од рацете и да се претвори во чудовиште слично на змеј, иако може да се врати во својот човечки облик по своја волја.
Итан Винтерс, главниот јунак на играта, се среќава со Димитреску рано кога тој влегува во нејзиниот замок, каде што таа и нејзините три ќерки се обидуваат да го убијат и да ја испијат неговата крв. Нивниот судир води до бос-битка на покривот на замокот, која завршува во занданите долу. Откако Итан ја поразува, чудовишниот облик на Димитреску се претвора во камен и се распаѓа.Capcom, Resident Evil Village. Изд. Capcom. Windows (7 мај 2021).
Со објавувањето на дополнението Shadows of Rose на 28 октомври 2022 г., Леди Димитреску станала играчки лик во режимот „Платеници — Дополнителни наредби“.
Наводи
Надворешни врски
Леди Димитреску __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Ликови од Resident Evil Категорија:Измислени ликови Категорија:Босови од видеоигри