Проширен периоден систем — теоретизиција за хемиски елементи кои не се дел од познатите и докажани елементи. Елементот со највисок познат атомски број е оганесон (Z = 118), со што се комплетира седмата периода (ред) во периодниот систем. Сите елементи во осмата периода и по нив остануваат чисто хипотетички односно неоткриени.

Елементите надвор од 118 ќе бидат поставени во дополнителни периоди кога ќе бидат откриени, поставени (како и со постојните периоди) за да се насликаат периодично повторливи трендови во својствата на елементите. Сите дополнителни периоди се очекува да содржат повеќе елементи од седмата периода, бидејќи се пресметува дека имаат дополнителен таканаречен g-блок, кој содржи најмалку 18 елементи со делумно пополнети g- орбитали во секој период. Табела од осум периоди што го содржи овој блок била предложена од Глен Т. Сиборг во 1969 година. Првиот елемент од g-блокот може да има атомски број 121, и затоа би го имал систематското име унбиуниум. И покрај многуте пребарувања, ниту еден елемент во овој регион не е синтетизиран или откриен во природата.Element 122 was claimed to exist naturally in April 2008, but this claim was widely believed to be erroneous.

Според орбиталното приближување во квантните механички описи на атомската структура, g-блокот би одговарал на елементи со делумно исполнети g-орбитали, но ефектите на спојување спин-орбита значително ја намалуваат валидноста на орбиталното приближување за елементи со висок атомски број. Верзијата на Сиборг за продолжениот период имала потешки елементи по моделот поставен од полесни елементи, бидејќи не ги земала предвид релативистичките ефекти. Моделите кои ги земаат предвид релативистичките ефекти предвидуваат дека моделот ќе биде несовршен. Пека Пијке и Буркхард Фрике употребувале сметачко моделирање за да ги пресметаат местоположбите на елементите до Z = 172 и откриле дека неколку се поместени од Маделунговото правило. Како резултат на несигурноста и варијабилноста во предвидувањата на хемиските и физичките својства на елементите над 120, моментално не постои спогодба за нивното сместување во продолжениот периоден систем.

Елементите во овој регион веројатно се многу нестабилни во однос на радиоактивното распаѓање и се подложуваат на алфа-распад или спонтано цепење со екстремно краток полураспад , иако се претпоставува дека елементот 126 се наоѓа на островот на стабилноста кој е отпорен на цепење, но не и на алфа-распад. Може да се можни и други острови на стабилност надвор од познатите елементи, вклучително и еден теоретизиран околу елементот 164, иако степенот на стабилизирачки ефекти од затворените јадрени обвивки е непознат. Не е познато колку елементи надвор од очекуваниот остров на стабилноста се физички можни, дали периодата 8 е последна или дали има периода 9. Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (МСЧПХ) дефинира дека постои елемент доколку неговиот животен век е подолг од 10−14 секунди (0,01 пикосекунди, или 10 фемтосекунди), што претставува времето кое е потребно за јадрото да формира електронски облак.

Уште во 1940 година, било забележано дека симплистичкото толкување на релативистичката Диракова равенка наидува на проблеми со електронските орбитали во Z > 1/α ≈ 137, што кажува дека неутралните атоми не можат да постојат надвор од елементот 137, и дека периодичната табела на елементи базирана на електронски орбитали затоа се распаѓа во овој момент. Од друга страна, поригорозна анализа ја пресметува аналогната граница да биде Z ≈ 168–172, каде што подобвивката од 1s се „нурнува“ во Дираковото море, и дека не се неутралните атоми кои не можат да постојат надвор од оваа точка, туку голите јадра, што не претставува пречка за понатамошното проширување на периодниот систем. Атомите надвор од овој критичен атомски број се нарекуваат суперкритични атоми.

Историја Елементите надвор од актиноидите првпат биле предложени да постојат уште во 1895 година, кога данскиот хемичар Ханс Петер Јорген Јулиус Томсен предвидел дека ториумот и ураниумот сочинуваат дел од период од 32 елементи кој ќе заврши на хемиски неактивен елемент со атомска тежина 292 (недалеку од 294-иот познат изотоп на оганесон). Во 1913 година, шведскиот физичар Јоханес Ридберг на сличен начин предвидел дека следниот благороден гас по радонот ќе има атомски број 118 и чисто формално извлекол уште потешки конгенери на радон во Z. = 168, 218, 290, 362 и 460, токму таму каде што Маделунговото правило би ги предвидел тие да бидат. Во 1922 година, Нилс Бор ја предвидел електронската структура на овој следен благороден гас во Z = 118, и сугерирал дека причината зошто елементите надвор од ураниум не се забележани во природата е затоа што тие се премногу нестабилни. Германскиот физичар и инженер Ричард Свин објавил рецензен труд во 1926 година кој содржи предвидувања за задураниумските елементи (можеби го измислил терминот) во кој ги предвидел современите предвидувања на островот на стабилноста: тој првпат претпоставил во 1914 година дека полураспадите не треба да се намалуваат строго со атомскиот број, но наместо тоа, предложил некои подолги елементи на Z. = 98–102 и Z = 108–110, и постоела расправа дека такви елементи можеби постојат во Земјиниот состав, во железните метеорити или во ледените капи на Гренланд каде што биле затворени од нивното наводно космичко потекло. До 1955 година, овие елементи биле наречени супертешки елементи.

Првите предвидувања за својствата на неоткриените супертешки елементи биле направени во 1957 година, кога за прв пат бил истражен концептот на јадрени обвивки и било теоретизирано дека постои остров на стабилноста околу елементот. 126. Во 1967 година, биле извршени поригорозни пресметки, а островот на стабилноста бил теоретизиран дека се наоѓа на тогаш неоткриениот флеровиум (елемент 114); ова и други последователни иследувања мотивирале многу истражувачи да бараат супертешки елементи во природата или да се обидат да ги синтетизираат кај акцелераторите. Многу пребарувања за супертешки елементи биле спроведени во 1970-тите, сите со негативни резултати. Од април 2022 година, обид за синтеза била направена за секој елемент вклучувајќи го и унбисептиумот (Z= 127), освен унбитриум (Z= 123), со најтешкиот успешно синтетизиран елемент оганесон во 2002 година, а најновото откритие е она на тенесин во 2010 година.

Како што се предвидувало дека некои супертешки елементи ќе се наоѓаат надвор од периодниот систем со седум периоди, дополнителната осма периода која ги содржи овие елементи првпат била предложена од Глен Т. Сиборг во 1969 година. Овој модел го продолжил моделот во воспоставените елементи и вовел нова серија на g-блок и суперактиноиди кои почнуваат од елементот 121, зголемувајќи го бројот на елементи во периода 8 во споредба со познатите периоди. Сепак, овие рани пресметки не ги разгледале релативистичките ефекти кои ги разбиваат периодичните трендови и ја прават едноставната екстраполација невозможна. Во 1971 година, Фрике го пресметал периодниот систем до Z = 172, и открил дека некои елементи навистина имаат различни својства што го нарушуваат воспоставениот модел, и една пресметка од 2010 година од Пека Пијке, исто така, забележала дека неколку елементи кои може да се однесуваат поинаку од очекуваното. Не е познато колку далеку периодниот систем може да се протега надвор од познатите 118 елементи, бидејќи се предвидува дека потешките елементи ќе бидат сè понестабилни. Глен Сиборг сугерирал дека практично гледано, крајот на периодниот систем може да дојде најрано околу Z = 120 поради јадрената нестабилност.

Предвидени структури на продолжен периоден систем Во моментов не постои спогодба за поставување на елементи надвор од атомскиот број 120 во периодниот систем.

На сите хипотетички елементи им е дадено име на систематски елемент од Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (МСЧПХ), за употреба додека елементот не биде откриен, потврден и одобрен со официјално име. Овие имиња обично не се употребуваат во литературата, а елементите наместо тоа се означуваат со нивните атомски броеви; оттука, елементот 164 обично не се нарекува унхексквадиум или „Uhq“ (систематско име и симбол), туку „елемент 164“ со симбол „164“, „(164)“ или „E164“.

Маделунгово правило Во елементот 118, орбиталите 1s, 2s, 2p, 3s, 3p, 3d, 4s, 4p, 4d, 4f, 5s, 5p, 5d, 5f, 6s, 6p, 6d, 7s и 7p се претпоставува дека остануваат неисполнети. Едноставна екстраполација од Маделунговото или Клечковското правило би ја предвидела осмата редица за пополнување на орбиталите по редот 8s, 5g, 6f, 7d, 8p; но по елементот 120, близината на електронските обвивки го прави поставувањето во едноставна табела проблематично

Фрике Не сите модели ги прикажуваат повисоките елементи по шемата утврдена со полесни елементи. Буркхард Фрике и неговите соработници кои извршиле пресметки до елементот 184 во напис објавен во 1971 година, исто така откриле дека некои елементи се поместени од правилото за енергетско уредување на Маделунг како резултат на преклопување на орбиталите; ова е предизвикано од зголемената улога на релативистичките ефекти во тешките елементи (Тие ги опишуваат хемиските својства до елементот 184, но само цртаат табела до елементот 172. H He Li Be B C N O F Ne Na Mg Al Si P S Cl Ar K Ca Sc Ti V Cr Mn Fe Co Ni Cu Zn Ga Ge As Se Br Kr Rb Sr Y Zr Nb Mo Tc Ru Rh Pd Ag Cd In Sn Sb Te I Xe Cs Ba La Ce–Lu Hf Ta W Re Os Ir Pt Au Hg Tl Pb Bi Po At Rn Fr Ra Ac Th–Lr Rf Db Sg Bh Hs Mt Ds Rg Cn Nh Fl Mc Lv Ts Og 119 120 121 142–155 156 157 158 159 160 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 171 172

Форматот на Буркхард Фрике и неговите соработници е повеќе фокусиран на формални електронски конфигурации отколку на веројатно хемиско однесување. Тие ги сместуваат елементите 156–164 во групите 4–12 бидејќи формално нивните конфигурации треба да бидат од 7d109s0 Сепак, тие се разликуваат од претходните d-елементи по тоа што обвивката 8s не е достапна за хемиско поврзување: наместо тоа, обвивката 9s е достапна. Така елементот 164 со 7d109s0 е забележан од Буркхард Фрике и неговите соработници да бидат аналогни на паладиумот со 4d105s0, и тие сметаат дека елементите 157-172 имаат хемиски аналогии на групите 3-18 (иако тие се амбивалентни околу тоа дали елементите 165 и 166 се повеќе како елементи од групата 1 и 2 или повеќе како елементи од групата 11 и 12, соодветно). Така, елементите 157–164 се ставени во нивната табела во група за која авторите не сметаат дека е хемиски најаналогна.

Нефедов

Вадим Нефедов, Тржасковскаја и Јаржемски извршиле пресметки до 164 (резултатите објавени во 2006 година). Тие сметаледека елементите од 158 до 164 се хомолози на групите 4 до 10, а не од 6 до 12, забележувајќи сличности на електронските конфигурации со преодните метали од периодот 5 (на пр. елемент 159 7d49s1 со Nb 4d45s1, елемент 160 7d59s1 со Mo 4d55s1, елемент 162 7d79s1 со Ru 4d75s1, елемент 163 7d89s1 со Rh 4d85s1, елемент 164 7d109s0 со Pd 4d105s0). Така тие се согласуваат со Буркхард Фрике и неговите соработници на хемиски најаналогните групи, но се разликуваат од нив по тоа што Нефедов и неговите соработници всушност ги ставаат елементите во хемиски најаналогните групи. На Rg и Cn им е дадена ѕвездичка за да ги рефлектираат различните конфигурации од Au и Hg (во оригиналната публикација тие се нацртани како поместени во третата димензија). Всушност, Cn веројатно има аналогна конфигурација на Hg, а разликата во конфигурацијата помеѓу Pt и Ds не е означена. +Предложен облик на Нефедов и неговите соработници Cs Ba La–Lu Hf Ta W Re Os Ir Pt Au Hg Tl Pb Bi Po At Rn Fr Ra Ac–Lr Rf Db Sg Bh Hs Mt Ds Rg* Cn* Nh Fl Mc Lv Ts Og 119 120 158 159 160 161 162 163 164

Пијке Пека Пијке користел сметачко моделирање за да ги пресмета местоположбите на елементите до Z = 172 и нивните можни хемиски својства во статија објавена во 2011 година. Тој го репродуцирал орбиталниот редослед на Фрике и неговите соработници и предложил префинетост на нивната табела со формално доделување слотови на елементите 121-164 врз основа на јонски конфигурации.