мини|335x335пкс|Зарф, 19-20 век - Музеј на Старата скопска чаршија Зарф е стар предмет од покуќнината кој се користел како држач на филџан.
Опис Зарфот е подигнат на мала тркалезна рамна нога, нагоре продолжува со нагло проширени страни со кружна форма и завршува со раб на отворот што е подвиткан нанадвор. По целата површина е украсен со релјефни орнаменти, во зависност од производителот. Најчесто се изработува во калапи. Зарфот најчесто доаѓа во комплет со табла, ѓезве и уште (најмлаку) четири идентични зарфови. Зарфовите со посложени форми и декорации што биле правени во Македонија ги изработувале кујунџиите.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 99-100, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.
Наводи
Поврзано Филџан Тацна
Категорија:Садови за пиење