Јордана Георгиева ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Учествувала во НОД од пролетта 1943 година во селото. Чувала во својот дом илегалци, подготвувала храна, собирала народна помош, била врска со партизанскиот одред „Сава Михајлов“. Во декември 1943 година заедно со нејзиниот брат Димитар била уапсена од бугарската полиција и во ноќта меѓу 23/24 декември 1943 година со поголема група, во која бил и нејзиниот брат, била изведена на стрелање. Братот на Јордана, успеал да избега од стрелиштето, а таа како партизански курир била стрелана кај Мала Река над Гевгелија.

Поврзано Султана Георгиева Доца Георгиева Димитар Георгиев

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна