мини|Саан од најмалиот етнолошки музеј на светот Саан е метален сад кој се користел за чување храна, најчесто овошје, во Отоманска Македонија. Садот е едноделен и често бил декориран во зависност од изработувачот.
Опис Саанот служел за ставање овошје, слатки и слично. Има висока тркалезна ѕвончеста нога која нагло се проширува нагоре во бочни страни, а на горниот раб завршува со поширок чембер, подаден нанадвор. Ногата на саанот по целата површина е украсена со неодредени мотиви, изведени во техниката режење, со што е добиено ажурно декорирање. Во зависност од изработувачот, саанот може да биде декориран со геометриски фигури, природни елементи или слично.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 78, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г. Постојат и саани со поклопци, со различни форми и декорации.
Наводи
Поврзано Шише Балак-саан
Категорија:Метални садови Категорија:Кујнски прибор