Црни едра () — американска историска акционо-авантуристичка телевизиска серија, чија приказна се одвива на островот Њу Провиденс. Била напишана како предисторија на романот Островот на богатството од Роберт Луис Стивенсон од 1883 година, а истовремено вклучува и прикази на неколку историски личности од реалниот живот и измислени верзии на вистински историски настани. Серијата била создадена од Џонатан Е. Стајнберг и Роберт Левин за Starz. Дебитирала онлајн бесплатно на YouTube и други различни платформи за стриминг и видео услуги на 18 јануари 2014 година.Todd Spangler: Starz to Release Michael Bay's 'Black Sails' Premiere Episode for Free on YouTube, iTunes, Amazon and More . Variety.com, January 13, 2014 Дебито на кабелска телевизија било една недела подоцна на 25 јануари 2014 година. Стајнберг е извршен продуцент, заедно со Мајкл Беј, Бред Фулер и Ендрју Форм, додека Мајкл Анџели, Дорис Иган и Левин се ко-извршни продуценти.

На 26 јули 2013 година, Старз ја обнови серијата за втора сезона од десет епизоди, чија премиера беше на 24 јануари 2015 година. Раното обновување, шест месеци пред премиерата на првата сезона, беше засновано на позитивната реакција на обожавателите на серијата за време на Комик-Кон Сан Диего. Серијата беше обновена за трета сезона на 12 октомври 2014 година и четврта сезона на 31 јули 2015 година, и двете пред премиерата на соодветните претходни сезони. На 20 јули 2016 година, Старз објави дека четвртата сезона на серијата ќе биде последна; сезоната беше премиерно прикажана на 29 јануари 2017 година, а серијата заврши на 2 април 2017 година.

Премиса Црни едра се одвива на почетокот на 18 век, приближно две децении пред настаните во Островот на богатството, за време на Златното доба на пиратеријата. Страшниот капетан Флинт воведува помлад член во екипажот и заедно се борат за опстанок на островот Њу Провиденс. Според првата епизода, „Во 1715 година, во западните Инди, пиратите од островот Њу Провиденс ја загрозуваат поморската трговија во регионот. Законите на секоја цивилизирана нација ги прогласува за hostis humani generis, непријатели на целото човештво. Како одговор, пиратите се придржуваат до сопствената доктрина ... војна против светот“. Пирати од реалниот живот кои се фикционализирани во серијата се Ен Бони, Бенџамин Хорниголд, Џек Ракам, Чарлс Вејн, Нед Лоу, Израел Хендс и Црнобрад.

Прием Првата сезона на Црни едра имала мешани критики од критичарите. На Rotten Tomatoes сезоната има рејтинг од 65%, врз основа на 49 прегледи, со просечна оценка од 6,05/10. Консензусот на страницата гласи: „Црни едра може да се пофали со визуелна привлечност, но благите ликови на серијата не се доволно силни за да го спречат шоуто да биде влечено во неговите матни длабочини на бесцелно изложување“. На Метакритик правата сезона има оценка 58 од 100, врз основа на 27 критичари, што укажува на „мешани или просечни критики“.

Втората сезона има 100% рејтинг на Rotten Tomatoes, врз основа на 8 критики, со просечна оценка од 8,7/10. Нил Гензлингер од Њујорк тајмс изјавил: „Старз ја знае формулата за овие тешки акциони драми од искуство со серии како Спартак и Камелот. А таа формула е изведена со посебна вештина во Црни едра, благодарение на некои силни изведби и на истражувањето на последиците од алчноста што може да излезе од современиот Волстрит“.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Телевизиски серии на англиски јазик Категорија:Американски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии со почеток во 2014 година