Балак-саан е длабок метален сад за греење на храна. Сличен е на саанот, но различен по форма и намена.
Опис Балак-саан бил користен за чување и за загревање храна. По форма е елипсовиден, не е многу длабок и е со поширок многу благо закосен чембер што е подаден нанадвор. Капакот со истата елипсовидна форма, со вдлабнат раб пред малиот чембер што е подаден нанадвор, убаво лежи на длабнатинка на саанот. Нагоре, капакот продолжува во конусна форма што на врвот е нагло пресечена и зарамнета. Насреде зарамнетиот капак има "пупка" од туч прицврстена со чивија. Ретко имало и декорации.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 74-77, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.
Наводи
Поврзано Саан
Категорија:Метални садови Категорија:Садови за складирање