Македонската православна црква „Св. Петка“ — македонска православна црква лоцирана во Мил Парк, предградие на северен Мелбурн, Викторија, Австралија. Црквата е стара градба со син камен и нов православен ентериер. Изградена во 1861 година како презвитеријанска црква, зградата е една од неколкуте рани цркви изградени во областа на долината Пленти и е наведена во регистарот за наследство на Викторија. Во доцните 1990-ти, црквата била претворена во Македонска православна црква и се приклучила на локалната Австралиско-новозеландска епархија.

Историја и структура Црквата била изградена во 1861 година и припаѓала на христијанската презвитеријанска деноминација. Позната како презвитеријанска црква Џејнфилд и лоцирана во долината Пленти, област на шкотска населба, црквата била една од трите изградени во регионот во тоа време. Самата црква е мала, изградена од син камен, а на нејзиниот покрив се поставени ќерамиди.

Зградата била во лоша состојба кога била купена во 1996 година од Австралиско-новозеландската македонска православна епархија. Црквата стана дел од Македонската епархија во текот на 1997 година, а била осветена во 2000 година. Се направиле обемни поправки на градбата и целата внатрешност била обновена и преработена во византиско-православен дизајн. Иконограф од Романија насликал висококвалитетни фрески на секој од внатрешните ѕидови на црквата. Православната иконографија создава изглед на поголем простор во малата внатрешност. Во близина биле изградени неколку дополнителни згради за да им служат на потребите и активностите на црковното собрание. Месната македонска заедница ја прославила дваесетгодишнината од постоењето на црквата во ноември 2017 година.

Галерија

Поврзано

Австралиски Македонци

Наводи

Надворешни врски

Фејсбук Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Цркви во Австралија Категорија:Македонски православни цркви во Австралија