мини|227x227пкс|Геопаркот Копер Коуст во Ирска Геопарк — подрачје со посебен заштитен статус, на чија територија јасно се открива геолошката историја на Земјата, образувањето на месни предели, образувањето на карпи и минерални наоѓалишта, а масовно се зачувани ископани останки од праисториски животни. Во геопарковите создадени во различни земји се спроведуваат воведни екскурзии, најзначајните места (геоточки) се опремени со појаснителни табли. И пешаците и велосипедистите можат да патуваат по посебно поставени маршрути опремени со знаци и маршрутни карти.

Движењето за геопаркови започнало во 1990-тите и постепено се распространило низ целата планета. Од 2002 г., постои посебна програма на УНЕСКО за поддршка на создавањето на Светска мрежа на национални геопаркови (Global Network of National Geoparks). Од 2004 г., создадената организација го развива т.н. „геотуризам“, кој служи и за образовни и за социоеколошки цели. До октомври 2010 г., оваа организација на УНЕСКО вклучувала 77 геопарка од 24 земји.

Поим Глобален геопарк на УНЕСКО е место со важни геолошки наоѓалишта. Овие подрачја им помагаат на луѓето да ги разберат природните опасности како земјотреси, цунамија и вулкани и да работат со заедниците за да ги намалат ризиците. Геопарковите исто така покажуваат докази за минатите и сегашните климатски промени и поттикнуваат еколошки туризам и обновлива енергија.

Тие поттикнуваат одговорно користење на природните ресурси додека ја штитат животната средина. Иако геопарковите не се законски заштитени, важните места во нив често се. Геопарковите го поддржуваат одржливиот туризам со сврзување на геотуризмот, туризмот заснован на заедницата и културниот туризам, помагајќи како на природата, така и на месните заедници.

Наводи

Библиографија

Надворешни врски

Asia Pacific Geoparks Network European Geoparks Network, список и карта на 94 регионални геопарка, 2022 г. Global Geoparks Network, список и карта на 177 сертифицирани геопарка, 2022 г.

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Заштитени подрачја Категорија:Науки за Земјата Категорија:Геологија Категорија:Еколошко образование Категорија:УНЕСКО Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ