мини|374x374пкс|Свеќарски дуќан во Старата скопска чаршија Свеќарски занает — изработка на свеќи од восок и парафин, како и други восочни фигури, некаде познат и како восочен занает.
Историјат На Балканот, поради високата цена и вредност на восокот, производството на свеќи било привилегија на кралските дворови и манастири, каде што свеќите се употребувале за осветлување и за религиозни церемонии. Со развојот на градовите и зајакнувањето на трговијата во османлискиот период, занаетот станувал сè поважен, а восочните изработувачи, како и другите занаетчии, се здружувале во еснафи кои го контролирале производството и пазарот.
Свеќарскиот занает почнал поинтензивно да се развива во Македонија по изградба на црквата Св. Благовештение во 1838 г., , кога во градот функционирале осум до девет свеќарски дуќани.Р. Бунтески, д-р В. Стаменков, Прилеп и прилепско низ историјата, кн. 1 стр 225 Меѓу најстарите мајстори свеќари се неколкумина по потекло од Дебар. Во периодот од 1913 до 1956 година бројот на дуќани варирал, и во градовите имало од 10 до 13 мајстори, во Скопје, Прилеп, Кичево, Крушево, Велес, Штип, Дебар и др. За време на војната биле изработувани лоени свеќи кои биле употребувани за осветлување. Покрај свеќи се изработувале и разни видови на украсни восочни фигури.
Постоењето на еснаф за восочни лакови било евидентирано во Белград од 1856 година, а во Крагуевац од 1820 година, што сведочело за нивната рана организација и економска важност.
Материјали, алати и начин на изработка мини|251x251пкс|Ентериер во свеќарски дуќан во Старата скопска чаршија Како основен материјал за израбортка на свеќите бил парафинот, покрај памучниот конец. Парафинот најчесто се носел од Риека или од Бугарија. Од материјали се користел восок, но тој бил многу скап и крајната цена би била повисока. При изработка на така наречени „брцани свеќи“ се користи казан во кој се спуштаат памучните конци прицврстени за една штица и се натопуваат (се брцаат) во казанот додека да се добие потребната дебелина на свеќата, а потоа се сечат според саканата форма со топол нож.
Вториот вид на свеќи се изработуваат на потежок начин. На една основа која е со два барабана и е со конусна форма со дупки, се ставаат памучни конци и се врти додека да се добие саканата дебелина и форма на свеќите. Самиот процес на топење на парафинот и восокот се врши во специјални казани кои се загреваат со дрва.Етнолог 4-5, 1994 г., Скопје, стр. 40
Како материјал се користел и пчелиниот восок, кој имал идеални својства за изработка на свеќи: горел со чист, светол пламен, без чад и непријатни мириси и имал пријатна природна арома.
Зачувување на занаетот денес Иако индустриското производство на свеќи го заменило занаетчиското производство, занаетот за изработка на свеќи успеал да преживее во основна форма, првенствено поради неговата неопходна улога во религиозните ритуали на православната црква. Неговото зачувување зависело од ентузијазмот и упорноста на поединечните семејства и од потребите на црквата.
Наводи
Категорија:Занаети