мини|Статуа на Исус Христос Искупителот во Рио де Жанеиро, Бразил Споменик или паметник — обично е тримерно дело, чија цел е, преку уметничко-историско, политичко, техничко или архитектонско значење, да почести личност или настан поврзан со општествена група како дел од споменот на историските времиња или културно наследство.
Видови споменици Некои од најчестите споменици се надгробниците на гробиштата и спомен-обележјата во чест на загинатите во војните. Други видови споменици вклучуваат храмови, скулптури, триумфални споменици, триумфални порти, кенотафи, мавзолеи, кипови, стели, гробници, бисти, релјефи, столбови и обелисци. Одредени споменици често се поставуваат во средината на големи плоштади, служeјќи како обележја и жаришни точки на јавниот простор.
Освен нивната комеморативна улога, спомениците можат да имаат и политичко значење. Впечатлив пример за тоа се бројните статуи на Ленин поставени низ СССР, создадени со цел да ја зацврстат власта и идеологијата на тогашниот режим.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Website of Monuments and Sculptures in UK Monuments of India at kamat.com Pictures and Articles of Monuments from around the world Commemorative Landscapes of North Carolina
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Споменици Категорија:Уметност Категорија:Вајарство Категорија:Културно наследство