Лела Дакиќ ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Од почетокот на вооруженото востание учествувала во заднината на НОД во селото Ерџелија каде живеела. Била член на младинска воспитна група, а во 1942 година и член на СКОЈ. Учествувала во сите акции што ги организирала партијата во селото, а особено се истакнала во собирањето на оружје, кое го чувала во својот дом. Во август 1944 година стапила во единиците на Единаесеттата македонска ударна бригада и во борбите за ослободувањето на Велес во ноември 1944 загинала. Се одликувала со извонредна храброст за што била пофалена пред бригадата.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Жртви во битката за ослободувањето на Велес