Благица Јованова Дебарлиева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Иако била малолетна, таа учествувала во НОД од пролетта 1942 година. Делувала во селото и служела за врска меѓу Велешкиот партизански одред и партиската организација во Ореов Дол. Како компромитирана често била малтретирана од страна на контрачетниците. Во мај 1943 година заминала во Прилеп како илегалка, а оттаму, во август 1943 година вo базата на Караорман во баталјонот „Мирче Ацев“. По извесно време била префрлена на работа во печатницата на главниот штаб на НОВ и ПОМ во Дебарца каде останала до ослободувањето на Азот, а потоа работела по младинска линија на теренот на Велешката околија.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ