десно|мини| Петроглифи во Јута () во близина на градот Моаб, во САД мини| Петроглиф Laxe dos carballos во Галисија, Шпанија (4-2 век пр. н. е.) прикажува сцена со лов на елени Петроглифи — слики создадени со резба, гравирање или гребење на површината на карпите за да се создадат уметнички камени облици (). Вакви уметнички остварување може да се најдат насекаде низ планетата, од Европа и Азија до Северна и Јужна Америка, а најчесто се поврзуваат со праисториските култури. Самиот збор е образуван со комбинирање на грчките зборови за карпа () и во значењето на „обработка“ и потекнува од францускиот јазичен жаргон ().
Разликуваме и уметнички облик на цртање или сликање на камен наречена петрографија. И двата облици на уметност подеднакво припаѓаат и на архаичната уметност на древните народи и на современата академска уметност. Скулптурите на Инуксук на северните Индијанци се исто така единствени карпести формации.
Петроглифите обично се поголеми и повидливи бидејќи целта е да се создаде впечаток кај гледачот. Најчесто се поставуваат вертикално, но има и релјефи изгравирани на хоризонтална камена површина.
Историска позадина и толкување Многу петроглифи биле создадени во неолитот или уште порано, во палеолитот, пред 10.000 до 12.000 години. Во Австралија има такви за кои археолозите веруваат дека се стари дури 27.000 години, но има и тврдења дека некои се стари и до 40.000 години. Петроглифите постепено биле заменети со систем за пишување како што се пиктограми или идеограми пред околу 7000–9000 години.
Има многу обиди да се објасни целта и значењето на поединечните петроглифи, во зависност од нивното место, старост и вид. Има такви што се карти, други за кои се тврди дека се астрономски маркери, но и разни други облици на симболичко изразување. Повеќето петроглифи се сметаат за единствени облици на човечка комуникација во некаков вид „праоблик“ на пишување.
Поврзано Тадрарт Акакус Пештерско сликарство Праисториска уметност Мегалити
Литература
Sickman, Laurence, in: Sickman L. & Soper A., The Art and Architecture of China, Pelican History of Art, 3rd ed 1971, Penguin (now Yale History of Art), LOC 70-125675 Lewis-Williams, D. (2002), A Cosmos in Stone: Interpreting Religion and Society through Rock Art. Altamira Press, Walnut Creek, Ca.
Категорија:Карпеста уметност Категорија:Праисториска уметност Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Грцизми